Ливерпул се огласи околу заминувањето на Салах

Ал Итихад тргна во офанзива по крилниот играч на Ливерпул, Мохамед Салах. Еден од главните причини е и кавгата меѓу тренерот Нуно Еспирито Санто и Карим Бензема. Португалецот не го гледа Французинот во своите тактички замисли, и никогаш не бил за негово доведување.

Тоа го принуди првакот на Саудиска Арабија да најде друго решение, а изборот паднал на Салах. Играчот кој има 31 година веќе не е на врвот на својата кариера, но може да даде уште многу.

Сепак, Ливерпул го признава интересот од Саудиска Арабија, но наводно му порачал на тимот на Ал Итихад дека Египѓанецот не е на продажба.

Сега останува да се види дали Ал Итихад ќе биде упорен. Некои англиски медиуми пишуваа дека Клоп е подготвен да поднесе оставка ако клубот се реши да го продаде Салах.

Се вчитува...