Мамаду Сако во последниот ден од трансфер периодот се сели во редовите на Кристал Палас, откако Ливерпул се согласи да го продаде за 26 милиони фунти.
Во текот на летото Кристал Палас неколку пати се обиде да го купи одбранбениот фудбалер на „редси“, но Јирген клоп не прифаќаше ништо помалку од 30 милиони фунти. Сепак, и двете страни најдоа компромис, а Сако ќе се врати на „Селхарст Парк“, откако минатата сезона ја мина на позајмица во овој клуб.
Сако не е во плановите на германскиот стратег веќе долго време. 27-годишниот дефанзивец e четвртото засилување за тимот на Франк Де Бур ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА