Александар Исак веќе неколку недели се обидува да го примора раководството на Њуксал Јунајтед да му дозволи трансфер во Ливерпул. Со таа цел одби да патува со тимот во Азија на подготовките за новата сезона и тренира самостојно.
Исак е и желба на Ливерпул па „црвените“ испратија понуда вредна 120 милиони евра за негов трансфер, која сепак беше експресно одбиена од страна на Њукасл Јунајтед.
Одбиената понуда доаѓа на големо разочарување на Ливерпул кој според последните информации од Англија се откажал од преговорите, а со тоа и од Исак.
Сега фудбалерот се наоѓа во тешка ситуација бидејќи Њукасл Јунајтед ја најде неговата замена во Бенџамин Шешко. Словенечкиот репрезентативец е пред трансфер во северот на Англија, но останува отворено прашање дали и овие преговори ќе пропаднат по пропаднатото заминување на Исак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

