Ливерпул ќе продолжи да се натпреварува во лига-купот на Англија откако тимот на Јирген Клоп се спаси од дисквалификација поради вклучување на играч без право на настап. Наместо најстрога казна, Ливерпул ќе треба да плати 200.000 фунти за големиот превид, но ќе може да продолжи да биде дел од ова натпреварување.
Проблематичен беше настапот на младиот Педро Чиривале, кој влезе во игра во второто полувреме од дуелот со МК Донс. Станува збор за играч кој лани настапувал на позајмица во Шпанија, а по враќањето не ја добил неопходната лиценца за настап. Ливерпул се жалеше дека апликацијата за лиценцa e поднесена уште во месец јули и вината ја насочи кон ФА, што најверојатно и придонесе „црвените“ да се спасат само со парична казна наместо дисквалификација.
Тимот на Јирген Клоп за противник во четвртото коло ќе го има Арсенал, меч што ќе се игра на „Енфилд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА