Ливерпул се враќа: Мекалистер од пенал израмни на дербито (ВИДЕО)

После водството по првиот дел со голот на Стоунс, кој погоди по нафрлената топка на Де Брујне од корнер, Ливерпул успеа да израмни на стартот од второто полувреме.

Мекалистер од пенал го совлада Едерсон, кој иако ја процени топката, сепак, не успеа да одбрани. 

Голманот на Сити го направи пеналот, откако стартуваше над Дарвин Нуњез, кој побрзо стигна до топката.

Се вчитува...