Ливерпул се збогува со Нуњез, носи напаѓач од Њукасл и плус Керкез

Ливерпул се збогува со Дарвин Нуњез, напаѓачот кого го плати 85 милиони евра пред две години, пренесуваат англиските медиуми.

25-годишниот Уругваец постигна само седум гола во сите натпреварувања за Ливерпул минатата сезона, па неговата вредност се преполови сега пред летниот преоден рок.

Како што пишуваат островјаните, Ливерпул сега повторно е заинтересиран за Ентони Гордон, напаѓачот на Њукасл. Англискиот фудбалер постигна девет гола и асистираше седум пати минатата сезона. Ливерпул наводно е подготвен да понуди 100 милиони фунти (117 милиони евра) за него.

Веќе е познато дека и унгарскиот 21-годишен лев бек Милош Керкез наскоро ќе стане нов играч на Ливерпул. Тој сè уште е под договор со Борнмут, но веќе е на пат кон „Енфилд“.

Се вчитува...