Ливерпул шокиран од Фулам со спектакуларен гол во 97. минута (ВИДЕО)

Ливерпул и Фулам одиграа драматичен натпревар кој заврши без победник 2-2, со возбудлив финиш во кој двата тима се бореа и на крајот се изборија само за „реми“. Ливерпул се стекна со предност во 94. минута, меѓутоа Рид со спектакуларен гол донесе бод за домашниот тим.

Фулам имаше предност по првиот дел со голот на Вилсон во 17. минута од средбата. Ливерпул долго време бараше измрамнување, а го најде во 57. минута од средбата, кога Вирц успеа да донесе „егал“. 

Гакпо погоди во 94. минута, и кога се очекуваше дека ќе ги однесе бодовите, сепак, Рид со прекрасен гол во седмата минута од судиското надополнување успеа да израмни. Погоди со силен удар од 30 метри, и така донесе еден бод од дуелот против фаворитот.

Се вчитува...