Јирген Клоп има причина за загриженост откако Ливерпул скапо ја плати синоќешната победа во Барнли по повредата што ја заработи Џо Гомез. Стандардниот дефанзивец доби шанса на позицијата десен бек и при еден налет во противничкиот шеснаесетник заработи незгодна повреда, остана да лежи на теренот и мораше на носилки да биде изнесен.
„Како што стојат работите, ќе мораме да се снаоѓаме без Џо Гомез, и тоа не за кратко време. Не сакам да зборам предвреме и да прогнозирам додека не ги добијам резултатите од прегледите, но првичните прогнози не се добри за нас. Станува збор за проблем со скочниот зглоб, тоа е се што можам да кажам во моментов“ – истакна Клоп.
Гомез беше меѓу најстандардните фудбалери на Ливерпул сезонава, откако Клоп го ротираше како централен дефанзивец и десен бек, две позиции на кои англискиот репрезентативец одлично се снаоѓаше. Едно е јасно, тој сигурно ќе го пропушти клучниот дуел од Лигата на шампионите против Наполи што е на програмата наредниот вторник на „Енфилд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА