Англискиот фудбалски гигант Ливерпул славеше со 2-4 против германскиот Карлсруе во првиот меч од подготовките за новата сезона во Премиер-лигата.
„Црвените“ уште во 3. минута поведоа со 0-1 со погодокот на Њунез, додека до крајот на првиот дел беше 1-1 откако за домаќините стрелаше Штиндл во 39. минута.
Домаќините до водство од 2-1 стигнаа преку Јунг во 50. минута, на 2-2 израмни Коди Гакпо во 69. минута. И кога изгледаше дека натпреварот ќе заврши без победник, на сцена стапи Диого Жота кој со два гола во 93. и 94. минута донесе триумф за Ливерпул од 2-4.
Karlsruher SC 2-[4] Liverpool – Diogo Jota 90+3'
byu/Big-Holiday-339 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

