Ливерпул слета во Истанбул, но еден клучен играч остана дома

Осминафиналната програма во Лигата на Шампионите ќе стартува со утрешниот меч меѓу Галатасарај и Ливерпул (18.45 часот), дуел за кој англискиот шампион ќе биде сериозно ослабен.

Првиот голман Алисон Бекер воопшто не отпатува со тимот за Турција откако бразилскиот репрезентативец се пожали на повреда за време на утринскиот тренинг. Првите информации велат дека проблемот не е премногу сериозен, но „црвените“ не сакаат да ризикуваат, па Алисон не беше дел од англиската експедиција за Ливерпул.

Неговото неиграње ќе значи и шанса за Мамардашвили да блесне на незгодното гостување. За потсетување, Ливерпул веќе еднаш гостуваше сезонава на Галата во ЛШ, меч што заврши со 1-0 за турскиот тим со гол постигнат од пенал.

Се вчитува...