После само осум месеци откако го продаде за 35 милиони евра, Ливерпул сега ќе плати двојно повеќе за свој играч. Станува збор за стоперот Џарел Куанса кој на почетокот на оваа сезона замина во Баер Леверкузен, како замена за Џонатан Та, кој потпиша за Баерн Минхен.
Ливерпул сака да ја засили својата одбрана, откако е неизвесна иднината на Ибрахима Конате, кој може да го напушти клубот на крајот од сезоната и да се пресели во Реал Мадрид. Исто така е неизвесно како Џовани Леони ќе се врати после повредата, па затоа се бараат решенија.
Според информациите од германските медиуми, Ливерпул има клаузула во договорот на Кунаса со која би можел да се врати на „Енфилд“, но истата изнесува неверојатни 80 милиони евра, или повеќе од двојно од она што го продадоа.
И Леверкузен не би имал ништо против од ваква зделка, со огле дека добро ќе заработат на трансфер, откако на него потрошија 35 милиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

