Ливерпул покажа знаци на излез од кризата откако вечерва славеше во ЛШ, на гостувањето против Интер со 0-1. Слот го остави Салах дома, во тимот ги немаше ниту повредените Гакпо и Киеза, додека Вирц поради ситна повреда мораше да почне од клупата.
Сепак, „црвените“ стигнаа до победа благодарение на сомнителен пенал во финишот, Бастони го повлече Вирц, Германецот падна како покосен, а судијата по ВАР-анализата реши да покаже на белата точка. Собослаи ја презеде одговорноста и стрелаше прецизно за огромен триумф и враќање на победнички патеки по шокантниот пораз од ПСВ на „Енфилд“ во претходното коло од Лигата на Шампионите.
Барселона славеше со 2-1 на домашен терен против Ајнтрахт, меч на кој неочекуван херој беше Жил Кунде. Гостите имаа 0-1 пок првото полувреме, но францускиот десен бек постигна два гола во 50. и во 53. минута, стигнувајќи до победата.
Челси прими два гола во второто полувреме и загуби со 2-1 на гостувањето против Аталанта. Гостите од Лондон водеа со голот на Жоао Педро, но Аталанта го сврте резултатот во своја полза преку Скамака и Де Кетеларе.
Тотенхем ја оправда фаворитската улога и славеше на домашен терен над Славија Прага со 3-2 (еден автогол и два пенали), Монако со погодокот на Балогун го реши Галатасарај.
Атлетико Мадрид со 2-3 на гостински терен го совлада ПСВ Ајндховен, а со истиот резултат славеше и Олимпик Марсеј, на мечот во Белгија против Унион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

