Ливерпул со џек-пот за крај: И Марк Гехи доаѓа на „Енфилд“

Последниот ден од преодниот рок е фантастичен за навивачите на Ливерпул, откако по рекордниот трансфер на Александер Исак од Њукасл „црвените“ денеска договорија уште еден фантастичен трансфер.

Англискиот репрезентативец Марк Гехи ќе го облече дресот на Ливерпул откако „црвените“ конечно се договорија со Кристал Палас околу висината на отштетата. Дефанзивецот инсистираше на преселба на „Енфилд“, а челниците на Палас се најдоа во небрано знаејќи дека договорот му истекува следното лето, кога Гехи без никаква отштета ќе го засилеше Ливерпул.

На крајот, беше прифатена понуда нешто пониска од 40 милиони фунти, по што англискиот репрезентативец во Лондон ги минува лекарските прегледи, како увертира за потписот на петгодишниот договор со актуелниот првак на Англија.

Англиските медиуми најавуваат дека Кристал Палас сега испратил понуда од 10 милиони фунти за Џо Гомез од Ливерпул како замена за Гехи, но останува да се види дали овој трансфер може експресно да биде комплетиран ако се знае дека преодниот рок истекува денеска во 20 часот.

Се вчитува...