Фудбалерите на Ливерпул на неверојатен начин стигнаа до победа на гостувањето кај Пари Сен Жермен (0-1) во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите.
Домаќините имаа преку 30 шута на натпреварот, еден гол поради минимален офсајд (Квараскелија) им беше поништен, а на крајот гостите по својот прв удар кон голот на Донарума стигнаа до полн плен.
Клучниот момент се случи во 87. минута, само една минута откако Харви Елиот влезе во игра место Мохамед Салах и успеа да го матира Донарума за конечни 0-1.
Paris Saint-Germain 0 – [1] Liverpool – Harvey Elliott 87'
byu/slimcase121 insoccer
Баерн Минхен веќе ја заврши работата откако во германското дерби славеше над Баер Леверкузен со убедливи 3-0. Стрелци на головите за Баварците беа Хари Кејн на двапати и Мусиала еднаш. За издвојување е и црвениот картон кој го доби фудбалерот на гостите Мукиеле во 62. минута.
Bayern Munich [3] – 0 Bayer Leverkusen – Harry Kane (penalty) 75'
byu/slimcase121 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

