Ливерпул со гол во судиското продолжение обезбеди финале на СП за клубови во Доха

Европскиот првак Ливерпул обезбеди пласман во финалето на Светското клупско првенство во Доха, совладувајќи го мексиканскиот тим Монтереј со 2-1, со гол во судиското продолжение од мечот. Англискиот состав во финалната средба ќе ги одмери силите со јужноамериканскиот шампион Фламенго од Бразил в сабота.

Тимот на Јирген Клоп имаше тврд ривал во Монтереј. Наби Кеита го доведе Ливерпул во водство во 12.минута, но само две минути подоцна Монтереј израмни преку Рожелио Фунес. Првакот на Европа долго се обидуваше да дојде до победнички погодок, а тоа му успеа на Роберто Фирмино во 91.минута од мечот. Тој влезе од клупата за резерви само пет минути претходно и успеа да ја надмудри противничката одбрана.

 

Се вчитува...