Ливерпул со неочекуван херој во куп-триумфот

Ливерпул славеше со 1-3 на гостувањето против Вулверхемптон пласирајќи се во четвртфиналето од ФА Купот на Англија. Воедно, „црвените“ со оваа победа им се реваншираа на „волците“ за неочекуваниот пораз во премиерлигашката пресметка меѓу истите ривали минатиот викенд.

Арне Слот го изротира тимот во пресрет на првото осминафинале од ЛШ со Галатасарај, а во една таква ситуација Ливерпул доби неочекуван херој на „Молинју“, левиот бек Енди Робертсон.

Шкотскиот дефанзивец со прекрасен удар во 51. минута го доведе Ливерпул во водство отворајќи го резултатот, а две минути подоцна асистираше до Салах при голот за 0-2. Куртис Џонс зголеми на 0-3, а „волците“ до крајот успеаја само да го ублажат поразот преку Хван.

Се вчитува...