Ливерпул продолжува да победува во Премиер-лигата, и тоа во период во кој „црвените“ не играат брилијантно, но сепак успеваат да стигнат до четвртиот триумф во низа. Барнли беше денешниот ривал против кого Ливерпул се мачеше 94. минути, за на крајот со пеналот на Салах во 95. минута да стигне до посакуваната победа.
Англискиот првак имаше целосна доминација во однос на поседот, но Ливерпул се мачеше да искреира шаса, „бункерот“ на домаќиите функционираше беспрекорно и одлично ги затвори приодите кон голот на Дубравка. Најубавата шанса во 93. минута ја пропушти Фримпонг, чиј удар беше запрен од голманот Дубравка.
И кога се чинеше дека домаќините ќе се одбранат, „резервистот“ Ханибал направи почетничка грешка играјќи со рака во шеснаесетникот, а Салах беше прецизен од белата точка и во 95. минута донесе триумф на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

