Ливерпул е се поблиску до титулата во Премиерлигата, откако оствари нова победа над Саутемптон со 3-1. Попладнево на „Енфилд“ по негативата од 1-0 на полувремето, со три гола „црвените“ успеаја да дојдат до нова победа, и уште повеќе да се оддалечат од Манчестер Сити, кој беше поразен од Нотингем Форест.
Смолбон во судиското надополнување од првиот дел, ја искористи грешката на Алисон и на Ван Дајк, за да го донесе фенерџијата во предност.
Ливерпул се врати во игра за три минути. Најпрво Нуњез во 51. минута израмни, а потоа Салах од пенал го донесе Ливерпул во прво водство. На крајот Салах уште еднаш погоди од белата точка за конечни 3-1.
Брајтон исто така со пресврт го победи Фулам со 2-1, додека Кристал Палас беше подобар од Ипсвич со 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

