Ливерпул со само еден здрав „халф“ за последниот меч во ЛШ

Ливерпул ќе биде сериозно ослабен за последниот меч од ЛШ во кој англискиот првак утревечер ќе го пречека тимот на Карабах. „Црвените“ мораат да слават за да останат во Топ 8 и да го избегнат првото коло од нокаут-натпреварувањето, но задачата ќе им биде отежната поради проблемите со дефанзивната линија.

Џо Гомез се повреди на последниот дуел со Борнмут и ќе мора да отсуствува извесно време, додека Конате се уште се нема вратено во клубот по смртта на неговиот татко. Згора на тоа, младиот Леони уште пред неколку месеци заработи тешка повреда на коленото, па Слот ќе го има на располагање само капитенот Ван Дајк како централен дефанзивец.

Во таква ситуација, за очекување е Ендо повторно да биде вратен во последната одбранбена линија, иако оваа формација не делуваше премногу сигурно на последниот дуел со Борнмут, по повредата на Гомез.

Се вчитува...