Ливерпул со сериозен интересен за крилото на Борусија Дортмунд

Ливерпул покажува сериозен интерес за Џејми Гитенс, а информациите велат дека дури испраќа скаути на натпреварите на Борусија Дортмунд и младинската репрезентација на Англија, пренесува „ Сандеј мирор“. Гитенс, роден во 2004 година, ја започна својата кариера во академијата на Ридинг, но се пресели во Манчестер Сити во 2018 година. Само две години подоцна, тој му се приклучи на Дортмунд во трансфер вреден 4 милиони фунти.

Левото крило, кое има веќе 20 години, одигра 67 натпревари, и постигна девет гола и 11 асистенции за Борусија Дортмунд . Тековната сезона ја започна многу добро, четири пати постигна гол и стана клучен дел од тимот. Ова го поттикна интересот за него и Ливерпул е еден од големите клубови од кои се очекува да се кандидираат за неговите права следното лето.

Гитенс, кој одигра 23 натпревари за возрасните групи од 15 до 21 година во репрезентацијата на Англија, се проценува на околу 35 милиони евра, но сумата која „милионерите“ ќе ја бараат сигурно ќе биде поголема.

Се вчитува...