Ливерпул се подготвува за летниот преоден рок во потрага по наследник на Мохамед Салах, кој неочекувано ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, а на списокот има неколку крилни играчи. Приоритет на Ливерпул е да доведе играчи кои можат да играат на двете страни и кои, под водство на менаџерот Арне Слот, носат голови и креативност.
Михаел Олисе е на чело на листата на потенцијални засилувања. Сепак, неговото доведување од Баерн, со кого има договор до 2029 година, веројатно би барало рекордна отштета за клубот.
Јан Диоманде од Лајпциг и Ентони Гордон од Њукасл исто така се споменуваат како потенцијални замени, но главниот фокус на клубот е на Олисе, чија вредност е проценета на 140 милиони евра.
За Олисе сериозно се распрашува и Реал Мадрид, кој исто така е подготвен да ја плати сумата од околу 150 милиони евра за неговите услуги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

