Ливерпул тргнува по Донарума

Ливерпул е најновиот европски гигант што покажа интерес за Џанлуиџи Донарума, откако Јирген Клоп почна да ја разгледува можноста за ангажман на италијанскиот голман на „Енфилд роуд“. Британските медиуми објавија дека Клоп имал средба со супер-агентот Мино Раиола, на која тема бил токму Донарума, кој како млад и перспективен чувар на мрежата би можел да биде долгорочно решение за голманската позиција на Ливерпул.

„Црвените“ во текот на летово ќе го продадат Мињоле и ќе останат со Кариус како единствена посериозна голманска опција, што е најава за ангажман на нов чувар на мрежата. Претходно се споменуваа Алисон Бекер и Батланд, но Клоп сега ја разгледува опцијата Донарума да застане на голот на Ливерпул. Во договорот со Милан има клаузула што го прави овој голман достапен за 50 милиони евра, сума што „црвениите“ се подготвени да ја платат доколку Клоп го избере токму Донарума како нов голман на својот тим за наредната сезона. Во текот на денешниот ден се споменуваше дури и Џанлуиџи Буфон како можен голман на Ливерпул, но со денешната прес-конференција стана јасно дека тоа нема да се случи.

Милан веќе го договори трансферот на Пепе Реина од Наполи, што е јасен предзнак дека „росонерите“ се подготвуваат за заминување на Донарума.

Се вчитува...