Ливерпул е лидер во трката по Пјер Емерик Обамејанг, откако раководството на „црвените“ реши да почне преговори со Борусија Дортмунд за да го доведе голгетерот кој претходно имаше успешна соработка со Јирген Клоп во таборот на „милионерите“. Францускиот весник „Паризиен“ повикувајќи се на извори до менаџереот на Обамејанг тврдат дека и самиот фудбалер е заинтересиран за оваа опција, откако претходно му пропаднаа преговорите за преселба во ПСЖ.
Фудбалерот од Габон останува решен да си замине од Дортмунд, а Ливерпул му ја нуди шансата да заигра во Премиер-лигата. Нема никакви дилеми дека со Обамејанг во тимот „црвените“ би станале многу сериозни во атакот на највисок пласман, па јасно е зошто Клоп подготвува понуда од 55 милиони фунти, сума што би била рекорд за Ливерпул, само за да го доведе својот поранешен играч на „Енфилд“.
Во меѓувреме, „црвените“ би требале во текот на следната седмица да го комплетираат и трансферот на Мохамед Салах во Рома, по што Клоп ќе се насочи кон засилување на одбраната, во потрагата по нов централен дефанзивец и лев бек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА