Ливерпул цел април без Алисон Бекер

Проблемите со повредени фудбалери во Ливерпул стануваат се поголеми откако Арне Слот обелодени дека првиот голман Алисон Бекер нема наскоро да се врати на голот на „црвените“.

Бразилецот се повреди пред репрезентативната пауза, го пропушти поразот од Брајтон, но Слот на денешната прес-конференција пред куп-дуелот со Манчестер Сити обелодени дека проблемот со Алисон е прилично сериозен.

„Алисон нема да брани наскоро за Ливерпул. Ако е прашањето кога очекувам да се врати, одговорот е некаде пред самиот крај на сезоната. Според она што го знам во моментов, Али ќе биде во аут цел април, можеби и подолго“, обелодени Арне Слот.

Ова значи дека првиот голман ќе пропушти низа клучни битки во Премиер-лигата, како и двомечот од четвртфиналето на ЛШ против ПСЖ.

Се вчитува...