Ливерпул славеше над Милан со резултат 4-1 во пријателскиот натпревар што двата европски гиганти го одиграа во Дубаи како дел од своите подготовки за вториот дел од сезоната.
Двете екипи настапија без неколку првотимци, но Ливерпул во своите редови ги имаше Салах и Алкантара, кои го одбележаа првото полувреме. Токму Салах го отвори резултатот уште во 5. минута, а откако Салемакерс израмни на 1-1, Алкантара со прекрасен удар од дваесетина метри повторно го донесe Ливерпул во водство.
Двајцата тренери направија бројни измени во вториот дел, па така кај Ливерпул во игра влезе и Дарвин Нуњез, кој успеа и да се запише меѓу стрелците по одличното додавање на младиот Кларк за 3-1, а потоа во 88. минута и на асистенција на младиот Доук, за конечни 4-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА