Ливерпул веќе не знае да победува, глупоста на Конате го врати Лидс во живот

Кризата на Ливерпул уште повеќе се продлабочи откако „црвените“ одиграа 3-3 на гостувањето против Лидс, за уште поголем притисок врз тренерот Арне Слот како најодговорен за огромната криза на актуелниот првак на Англија.

„Црвените“ имаат за што да жалат ако се знае дека имаа водство од 0-2 со двата гола на Екитике и целосна контрола над играта, се до почетничкиот пенал што го направи Конате врз Гнонто. Калверт Луин погоди од белата точка и даде енергија на Лидс, па домаќините набрзо стигнаа и до 2-2.

Собослаи погоди за 2-3, но кога се чинеше дека Ливерпул ќе дојде до триумф, Лидс во 96. минута стигна до ново израмнување, Танака беше осамен на втората статива по корнерот од левата страна и го матираше Алисон Бекер, за тотална еуфорија меѓу домашните фанови на „Иланд роуд“.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...