Ливерпул во акција – нов договор за Салах

Ливерпул фуриозно ја почна новата сезона со три победи на три меча без примен гол, но Мохамед Салах ги разбуди страстите со изјавата по триумфот над Манчестер Јунајтед, кога големиот ас најави дека ја игра последната сезона за „црвените“ бидејќи клубот се уште му нема понудено нов договор, а актуелниот му истекува во јуни 2025.

Салах е еден од трите асови на Ливерпул во идентична ситуација, заедно со Вирџил ван Дајк и со Трент Александер Арнолд, а управата на Ливерпул ќе мора што поскоро да реагира за да ги задржи овие фудбалски суперѕвезди на „Енфилд“.

Прв на листата според англиските медиуми ќе биде токму Салах, со кого веќе во текот на овој месец ќе бидат стартувани преговорите за продолжување на соработката. „Фараонот“ е член на Ливерпул уште од 2017 година кога дојде од Рома за 42 милиони евра, оттогаш одигра 352 средби на кои има постигнато 214 гола и 92 асистенции, па јасна е желбата на сите во клубот Салах да остане уште неколку години на „Енфилд“, зошто да не и да ја заврши кариерата во дресот на Ливерпул.

Се вчитува...