Ливерпул во финална офанзива по Марк Гехи

Ливерпул тргна во завршна офанзива пред самиот крај на преодниот рок да осигура два значајни потписа со што „црвените“ уште повеќе ќе се засилат во нападот по нова шампионска титула. Чекајќи разврска меѓу Александер Исак и Њукасл, челниците на Ливерпул денеска испратија официјална понуда до Кристал Палас за капитенот на оваа екипа, англискиот репрезентативец Марк Гехи.

Дефанзивецот веќе ги има договорено личните услови за петгодишен договор со Ливерпул, тој минатата седмица го одби Манчестер Сити, а „црвените“ се оптимисти дека ќе успеат да го договорат доаѓањето на одличниот фудбалер на „Енфилд“ во следните два дена.

Во прилог им оди и фактот дека Гехи има помалку од година од актуелниот договор со Палас, па следното лето би можел да си замине без никаква отштета, што дефинитивно ќе биде притисок за лондонскиот клуб да го продаде до крајот на летово.

Првата понуда на Ливерпул од 35 милиони фунти била одбиена, Палас побарал 45 милиони, но се очекува преговорите да продолжат и Гехи во следните 48 часа и официјално да стане нов член на актуелниот англиски шампион.

Се вчитува...