Ливерпул во јануари се засилува со белгиски репрезентативец

Ливерпул во јануари би можел да добие големо засилување во името на белгискиот репрезентативец Шарл Де Кетеларе.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Ливерпул веќе подготвил терен за ангажман на 23-годишниот Белгиец кој би требало да биде нов член на „Енфилд“. Ако може да се верува на англиските медиуми, Ливерпул се согласил да исплати 50 милиони фунти на италијанската Аталанта за Де Кетеларе.

Белгиецот изминативе две сезони привлече внимание на себе со игрите во Милан и Аталанта. Во Милан пристигна во 2022 година од Бриж, а потоа беше на позајмица во Аталанта за да тимот од Бергамо комплетно го откупи неговиот договор за 22 милиони евра.

Има договор со Аталанта до јуни 2027 година.

Се вчитува...