Ливерпул славеше над Астон Вила со 2-0 и се зацврсти на првото место на табелата, но триумфот беше скапо платен ако се земе во предвид повредата на Трент Александер Арнолд.
Десниот бек го повреди мускулот и мораше да биде заменет кон средината на првото полувреме, а првите прогнози не е најоптимистички за Арне Слот и неговиот стручен штаб. Трент дефинитивно ќе отпадне од комбинација за претстојните средби на Англија од Лигата на Нации, но најверојатно ќе му следи и пауза од најмалку 20 дена, што би значело дека тој ќе го пропушти дерби дуелот со Манчестер Сити, но и мега-пресметката со Реал Мадрид во ЛШ, два меча што ќе се играат по репрезентативната пауза.
Алисон Бекер најверојатно исто така ќе ги пропушти овие две средби, исто како и Португалецот Жота, за кого тренерот Слот најави дека го очекува назад во тимот две седмици по репрезентативната пауза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА