Ливерпул во нокдаун – Жиру го донесе Челси во водство

Челси прв дојде во водство во Супер-купот на Европа против Ливерпул, откако Оливие Жиру го најде патот до мрежата на Адријан.

„Црвените“ беа подобри само во првите десетина минути од мечот во Истанбул, но потоа избраниците на Френк Лампард целосно ја презедоа иницијативата. Педро ја затресе гредата, но затоа попрецизен од него беше Жиру, кој на додавање на Пулишиќ биеше прецизно и му донесе радост на својот тим.

Челси веднаш потоа постигна и втор гол преку Пулишиќ, но радоста беше скратена откако судиите го поништија поради офсајд.

Се вчитува...