Фудбалерите на актуелниот англиски шампион Ливерпул со победа од 3-2 ја почнаа новата сезона во Лигата на шампионите. Домаќините по само шест минути игра имаа 2-0 со головите на Робертсон и Салах.
Ливерпул иако прво доби пенал, со ВАР одлуката беше промената. До крајот на првиот дел гостите намалија на 2-1 преку Љоренте во 3. минута од судиското продолжение. Во вториот дел „јорганџиите“ израмнија на 2-2 преку неверојатниот Љоренте кој стигна до својот четврти погодок во кариерата на „Енфилд роуд“ во два одиграни меча. Конечните 3-2 ги постави Ван Дајк во 92. минута. По голот на Ливерпул Чоло Симеоне доби директен црвен картон откако сакаше да се пресмета со навивачите на „црвените“.
Liverpool [3] – 2 Atletico Madrid – V. van Dijk 90+1'
byu/West_Agent4651 insoccer
Баерн Минхен славеше на домашен терен со Челси со 3-2. Баварците поведоа со 1-0 откако Чалобах во 20. минута постигна автогол. На 2-0 зголеми Хари Кејн во 26. минута. Само минута подоцна гостите намалија на 2-1 преку Кол Палмер. Во вториот дел Хари Кејн со својот втор гол во 63. минута ги постави конечните 3-2.
Bayern München [3] – 1 Chelsea – H. Kane 63'
byu/West_Agent4651 insoccer
Актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен одбраната на титулата ја почна со сигурна победа над Аталанта од 4-0, додека европскиот вицешампион Интер славеше на гостувањето во Амстердам кај Ајакс со 0-2.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1. КОЛО:
(18.45) ОЛИМПИЈАКОС – ПАФОС 0-0
(18.45) СЛАВИЈА ПРАГА – БОДО ГЛИМТ 2-2
(21.00) АЈАКС – ИНТЕР 0-2
(21.00) БАЕРН М. – ЧЕЛСИ 3-1
(21.00) ЛИВЕРПУЛ – АТЛЕТИКО М. 3-2
(21.00) ПСЖ – АТАЛАНТА 4-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

