Ливерпул во продажба пушти дрес, кој фудбалерите никогаш нема да го носат

Англискиот премиерлигаш Ливерпул во продажба пушти црн дрес, кој фудбалерите никогаш нема да го облечат на официјален натпревар. Црниот дрес е втора верзија на домашниот кој е во црвена боја.

Цената на дресот ќе изнесува 75 фунти, а ќе може да се купи од официјалната продавница на тимот од „Енфилд“.

Сезонава ќе биде последна во која Ливерпул соработува со „Њу Баланс“. Од следната сезона, „црвените“ ги презема „Најки“, а медиумите во Британија најавуваат дека тоа ќе биде најскапиот договор во историјата на англискиот фудбал.

Се вчитува...