Ливерпул во второто полувреме го урна отпорот на Кардиф (ВИДЕО)

Ливерпул се пласираше во осминафиналето на најстарото фудбалско натпреварување во светот, англискиот ФА куп, откако на домашен терен славеше над Кардиф со 3-1. Иако се уште Јирген Клоп е без Садио Мане и Мохамед Салах кои вечерва со своите репрезентации играат во финалето на Африканскиот куп на нации „црвените“ немаа проблем против тимот од Чемпионшип.

По првото полувреме кое заврши без голови, домаќините отпорот на гостинот го урнаа во вториот дел. Диого Жота во 53. минута донесе водство од 1-0. На 2-0 зголеми Минамино во 68. минута, додека Елиот со својот прв гол по повредата во 76. донесе водство од 3-0 за „црвените“. Конечните 3-1 ги постави Колвил во 80. минута.

Во осминафиналето Ливерпул ќе игра против Норич.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...