Ливерпул може да добие големо засилување за еден од најзначајните натпревари во сезоната. Во недела „црвените“ ги очекува дерби против Манчестер Сити кое може да биде клучно во борбата за титула, а за него Јирген Клоп најверојатно ќе може да смета на Мохамед Салах.
Египетскиот репрезентативец заработи повреда на мускул на Африканскиот куп на Нации, а откако ја надмина истата, повторно ја обнови повредата на средбата против Брентфорд.
Искусниот голгетер сега повторно е во тренажен процес и прва минутажа пред дуелот со „граѓаните“ може да добие уште на средбата против Спарта Прага во Лига Европа. Денешното враќање на Салах е од огромна важност ако се знае дека на последниот меч камбек по повредите имаа и Нуњез, Ендо и Собослаи, па Клоп ќе има сосема солиден состав на располагање за Сити, иако во таборот на Ливерпул за мечот на сезоната нема да можат да се појават Алисон Бекер, Александер Арнолд, Гравенберх, Жота…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА