Елена Ливриниќ останува во Романија, но ракометарката на Македонија ќе игра за нов клуб следната сезона. Нашата репрезентативка се сели во редовите на ЧСМ Слатина каде ја чекаат нови предизвици, па одличната игра ќе треба да ја потврди и во новата средина.
Екипата на ЧСМ Слатина во последната сезона заврши на 10. позиција, но со Ливриниќ сигурно ќе добие на искуство, зошто станува збор за ракометарка која ќе може да помогне за освојување на повеќе бодови во новата сезона.
Елена доаѓа во овој тим од редовите на Глорија Бузау каде што настапуваше последнава сезона, а во истата заврши на 4. позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА