Аз Алкмар триуфмираше и на гостувањето кај Спарта во Прага со убедливи 0-4, и така обезбеди пласман во 1/4 финалето во Лигата на Конференции. Холандскиот тим го доби и првиот меч со 1-2, па така со вкупни 1-6 обезбеди учество во следната фаза.
Јенсен, Перон, Мијнанс и Дал ги постигнаа головите за убедлив триумф.
Самсунспор, противникот на Шкендија во плеј-офот, триумфираше на гостувањето кај Рајо Ваљекано, но недоволно да обезбеди пласман меѓу најдобрите осум. Турскиот тим славеше триумф од 0-1, а Рајо на првиот меч триумфираше со 3-1.
Пирова победа запиша и Лех Познањ, кој славеше како гостин против Шахтјор со 1-2. Но, благодарение на триумфот во првиот меч на Украинците со 3-1, се пласираа во следната фаза.
Ријека заврши со настапите во Европа. Иако поведе на гостувањето кај Стразбур, сепак, на крајот францускиот тим израмни и благодарение на победата од првиот меч, обезбеди учество во 1/4 финалето.
Двојките во 1/4 финалето во ЛК се:
ШАХТЈОР – АЗ АЛКМАР
К.ПАЛАС – ФИОРЕНТИНА
РАЈО ВАЉЕКАНО – АЕК
МАЈНЦ – СТРАЗБУР
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

