ЛН: „Шок“ за Португалија, Мората ја однесе Шпанија во плеј-оф (ВИДЕО)

Шпанија е последниот патник на Ф4 во Лигата на Нации, откако вечерва во Брага ја победија Португалија со 0-1 со гол во 88. минута. Мората е херојот на Шпанците, кој донесе победа и три бода со кои „Фуријата“ се искачи на првото место на табелата.

Премногу пасивен беше составот на Португалија, како да чекаше мечот да заврши нерешено, па тоа им се одби од глава. По една добра акција Мората ја донесе победата.

Од оваа група во Лигата Б испадна Чешка која што загуби на гостувањето кај Швајцарија со 2-1. Фројлер и Емболо беа стрелци за Швајцарците, а Шик успеа да намали. Соучек промаши пенал за Чешка во 61. минута.

Србија оствари голема победа во Норвешка, и така се пласираше во сегментот „А“ во Лигата на Нации. Победата за Србите ја донесоа Влаховиќ и Митровиќ.

Во сегментот „Б“, Ирска ја совлада Ерменија со 3-2, а Албанија и со играч повеќе одигра само 1-1 против Исланд. Шведска и Словенија одиграа 1-1, со тоа што на овој меч прекрасен гол постигна Шешко за Словенците. Украина и Шкотска одиграа без голови.

Во Ц групите, Грција беше подобра од Северна Ирска со 3-1, и го потврди првото место, додека Косово со 5-1 беше подобар од Кипар.

Со овие натпревари заврши и групната фаза во Лигата на Нации. Освен Шпанија, во Ф4 ќе играат и селекциите на Хрватска, Холандија и Италија.

Standings provided by SofaScore


Standings provided by SofaScore

Standings provided by SofaScore


Standings provided by SofaScore


Standings provided by SofaScore

Се вчитува...