Лоеб заглави во песокот и го заврши настапот на рели Дакар

Новата етапа од релито Дакар донесе и ново изненадувачко откажување, откако Себастијан Лоеб не успеа да го финишира специјалот останувајќи заглавен во песокот.

Го следев Насер, видов како мина и сакав јас да го сторав истото. Сепак, не забележав дека има дупка зад удолницата и заглавив“ – изјави Лоеб по несреќната случка.

Од ваквиот развој на настаните најмногу профитираше Петерхансел, кој беше најбрз во денешната етапа и си создаде огромна предност од 31 минута во однос на второпласираниот Карлос Саинц.

Се вчитува...