Милан беше шокиран на домашен терен од Парма, а проблемите на тренерот Алегри се уште поголеми ако се земе во предвид тешката повреда на Лофтус Чик.
Англискиот интернационалец заработи незгодна повреда на лицето, скршени му беа неколку заби, па на носилки беше изнесен од теренот и експресно пренесен во една од клиниките во Милано.
„Росонерите“ попладнево објавија дека Лофтус Чик бил успешно опериран и веќе е пуштен на домашно лекување, но екс-фудбалерот на Челси нема наскоро да го видиме на терените.
Првите прогнози на лекарите се дека Англичанецот би можел да се врати за околу два месеци, што би значело дека би заиграл сезонава, но и дека ќе пропушти голем дел од клучните битки во кои Милан ќе се бори за место во ЛШ за следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

