Фудбалската репрезентација на Бразил е првиот патник во финалето на Летните олимписки игри во Токио, откако по изведувањето на пенали беше подобар од селекцијата на Мексико, па со резултат од 4-1 го заверија билетот кој ги носи на само чекор до уште една олимписка титула.
Во текот на натпреварот „кариоките“ нешто повеќе ја имаа топката под своја контрола, но гледано севкупно шансите беа идентични и на двете страни. Првите 90. минути завршија со резултат од 0-0 и без поголеми возбудувања, а ваков сличен епилог беше понуден и во двете продолженија од 15 минути.
Пенал рулетот очигледно беше најинтересен за фановите на фудбалот, конечно по долго време беа видени голови и тоа пред се од фудбалерите на Бразил, кои беа прецизни за разлка од мексиканците кои потфрлија и го завршија својот настап на игрите во Токио.
Бразил во финалето за противник ќе го има подобриот тим од двобојот меѓу Шпанија и Јапонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА