Женската фудбалска репрезентација на Канада го освои златниот медал на Летните олимписки игри во Токио откако во финалето славеше над Шведска по изведување на пенали со што беше испишана историја како прв златен медал кој бил одлучен од белата точка.
Шведска поведе во 34. минута од натпреварот со погодокот на Блекстениус, а со овој резултат двете репрезентации заминаа и на полувремето. Изедначување за Канада од белата точка донесе Флеминг во 67. минута од натпреварот, а овој резултат остана на семафорот и до крајот на мечот.
Голови не беа постигнати ниту во судиското продолжение, а победникот беше одлучен преку пенал рулетот во кој голманките на двете репрезентации беа на врвот на својата задача, а Канада славеше во шестата серија со 3-2.
For the first time, the women's #Football #Gold medal winners are @CanadaSoccer_EN!#StrongerTogether | @Tokyo2020 | @FIFAWWC pic.twitter.com/jyplsZJ9Se
— Olympics (@Olympics) August 6, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА