ЛОИ: Гоф без многу маки закажа осминафинале против Векиќ

Американската тенисерка Коко Гоф ја оправда фаворитската улога и без потешкотии се пласираше во осминафиналето на Летните олимписки игри во Париз.

Американката славеше против аргентинската тенисерка Мариа Лоурдес со доминантна игра добивајќи ги двата сета со по 6-1.

Во следната фаза за противничка ќе ја има хрватската тенисерка Дона Векиќ која претходно со 2-0 (6-3, 6-4) славеше над Бијанка Андреску.

Се вчитува...