ЛОИ не се контролен меч – Американците лесно против Јужен Судан

Соединетите Американски Држави продолжуваат со одличните партии на стартот на кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри во Париз. Откако во првото коло ја прегазија Србија, тие денеска без проблеми славеа и против Јужен Судан со 103-86.

Американците покажаа многу поголема озбилност на овој меч за разлика од контролата во која минимално славеа над денешниот противник, па во ниту еден момент не и дозволија на африканската репрезентација да се понадева на победа.

Бем Адебајо со 18 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, Нуни Омот постигна 24 поени.

 

Се вчитува...