Македонскиот борач Магомедгаджи Нуров во категоријата до 97 килограми слободен стил беше запрен во четвртфиналето на Летните олимписки игри во Токио.
Нуров одлично го започна турнирот и во осминафиналето славеше против Садуи Мохамед од Тунис со убедливи 5-0, но потфрли во четвртфиналниот меч против Куванецот Ринерис Салас Перез. Куванскиот шампион кој претходно го доби Белорусинот Александар Хуштин со 4-3, славеше над Македонецот со 6-4.
Нуров одлично ја започна и оваа борба, но кубанскиот борач со против акција доби четири поени. Следеше нова офанзива на Македонецот кој со два одлични зафати по два поени изедначи на 4-4. На 20 секунди пред крајот на борбата, Нуров повторно тргна во акција, но подобро се снајде Кубанецот кој за против зафат доби нови два поени кои се поставија како клучни за победата.
И покрај победата Нуров останува во игра за бронзениот медал, но во репасажот треба да се поклопат коцките и ќе зависи од резултатот на кубанскиот борач во полуфиналето.
Доколку Кубанецот слави против фаворизираниот Русин, Абдулрашид Садулаев, тогаш на Македонецот ќе му требаат две победи за освојување на бронзен медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА