Аргентина го победи Бразил во речиси тричасовен одбојкарски спектакл во кој успеаја да дојдат до историска победа и освојвуање на олимписки медал по цели 33 години, победувајќи со 3-2, по сетови 25-23, 20-25, 20-25, 25-17, 15-13.
Мечот беше вистински празник за очи, за сите одбојкарски сладокусци, а сѐбеше најавено уште во првиот и вториот сет. Аргентинците успеаја да победат со 1-0, но следуваше одговор на Бразилците и изедначување, па ваквиот расплет на настаните најави дека овој натпревар ќе биде долг и неизвесен.
Одбојкарската репрезентација на Бразил направи мини пресверт, па од 1-0 успеа да ги добие следните два сета и да победи со 1-2. Сепак, мотивацијата и упорноста кај Аргентинците не изостана, па во четвртиот сет изедначија на 2-2, а веќе во петтиот успеаја да дојдат до голема и тешка победа над вечниот ривал Бразил, а ова значеше и освојвуање на бронзата во Токио на ЛОИ-2020.
Финалниот натпревар во одбојка ќе биде одигран меѓу Франција и Русија, денес од 14.15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА