Репрезентацијата на Русија е првиот финалист на машкиот одбојкарски турнир на Летните олимписки игри во Токио откако во полуфиналето славеше над големиот ривал Бразил со 3-1, по сетови 18-25, 25-21, 26-24 и 25-23.
Бразилците подобро го отворија мечот и на убедлив начин го освоија првиот сет. Следуваше ист одговор од Русите, по што во следните два сета се водеше жестока борба во која за малку посконцентрирани и посреќни беа Русите.
Максим Михаилов со 22 поени беше прво име на натпреварот, додека кај поразените Хидалго Леал заврши со 18 поени.
Русија во финалето го чека подобриот од мечот меѓу Франција и Аргентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА