ЛОИ – ВАТЕРПОЛО: Филиповиќ херој, Србија во финалето на ЛОИ во Токио

Србија е вториот финалист на ватерполо турнирот на Летните олимписки игри во Токио, откако во полуфиналниот трилер славеа над Шпанија со 10-9.

Србија одигра неверојатно во првата четвртина особено во фазата на одбрана и ја доби со 2-0. Сепак, следеше голем пад во вторите осум минути во кои Шпанците со одлична серија на полувреме заминаа со предност од 4-5.

Во третата четвртина продолжи одличната игра на „црвената фурија“ и пред последниот период имаа предност од плус два 7-5. Вистинска борба ни донесе последниот период во кој Србија успеа целосно да се врати мечот и со голот на капитенот Филип Филиповиќ на 25 секунди до крајот успеа да стигне до триумф од 10-9.

Во финалето Србија ќе игра против Грција која во првото полуфинале беше подобра од Унгарија.

Се вчитува...