ЛОИ – ВАТЕРПОЛО: Грција прв финалист на турнирот во Токио

Грција е првиот финалист на ватерполо турнирот на Летните олимписки игри откако во полуфиналето славеше над Унгарија со 9-6.

Еден крајно интересене и неизвесен натпревар во кој Грците беа за малку подобри и посреќни. Го презедоа водството од еден гол уште во првата четвртина и успеаја да го задржат се до самиот крај на натпреварот.

Во финалето Грција го чека подобриот од второто полуфинале во кое ќе се сретнат Шпанија и Србија.

Претходно во разигрувањето за пласман од 5. до 8. место Хрватска ја совлада Црна Гора со 12-10.

Се вчитува...