ЛОИ – ВАТЕРПОЛО: Крај за Црна Гора, Грција е втор полуфиналист

Ватерполо репрезентацијата на Црна Гора го заврши својот настап на Летните олимписки игри откако во четвртфиналето беше поразена од Грција со 10-4.

Грците одиграа неверојатен натпревар особено во фазата во одбрана дозволувајќи му на противникот да постигне само два гола во првите три четвртини. Токму играта во дефанзива беше клучен детаљ за конечниот триумф на Грците на овој меч.

Во полуфиналето Грција го чека подобриот од мечот меѓу репрезентациите на Хрватска и Унгарија.

Се вчитува...